Јеменското движење Хути поврзани со Иран, извршија повеќе напади со дронови врз аеродромот во Јизан во Саудиска Арабија, објави денеска на Твитер телевизијата на таа група, Ал Масира.
Нападите биле насочени кон саудиски бункери за дронови и станици на аеродромот.
Саудиска Арабија засега не потврди дека се случиле напади.
Нападите на Хутите во Саудиска Арабија во последно време се се почести.