среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Хутите со дронови нападнаа аеродром во Саудиска Арабија

Хутите со дронови нападнаа аеродром во Саудиска Арабија

Јеменското движење Хути поврзани со Иран, извршија повеќе напади со дронови врз аеродромот во Јизан во Саудиска Арабија, објави денеска на Твитер телевизијата на таа група, Ал Масира.

Нападите биле насочени кон саудиски бункери за дронови и станици на аеродромот.

Саудиска Арабија засега не потврди дека се случиле напади.

Нападите на Хутите во Саудиска Арабија во последно време се се почести.