петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И покрај заканите од Револуционерната гарда, иранските студенти продолжуваат со протести

И покрај заканите од Револуционерната гарда, иранските студенти продолжуваат со протести

Иранските студенти и денеска протестираа во најголемите демонстрации во земјата од револуцијата во 1979 година, јавија британските медиуми.

Според локалните агенции, студентски протести имало на повеќе места во Иран, вклучувајќи го и главниот град Техеран и градот Исфахан. Овие протести се дел од народниот бунт, во кој демонстрантите повикуваат на смрт на иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Али Хамнеи.

Земјата е зафатена од антивладини демонстрации од средината на септември, од смртта на младата Махса Амини, која беше уапсена од полицијата за морал поради „несоодветно“ носењ ена исламската облека.

Студентските протести се одржаа и покрај предупредувањата од безбедносните сили и острите мерки на властите за задушување на демонстрациите.

Аналитичарите се сомневаат дека протестите во Иран може да доведат до соборување на владејачкиот режим, но овие немири ги гледаат како чекор што може да предизвика значителни политички промени во земјата.