понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ИДФ продолжија со напаѓање цели на Хамас во Појасот Газа

ИДФ продолжија со напаѓање цели на Хамас во Појасот Газа

Израелските бомбардирања против позициите на Хамас во Појасот Газа продолжија и синоќа, речиси две недели по нападот врз Израел во кој животот го загубија повеќе од 1.400 луѓе, јави ДПА.

-Борбени авиони нападнаа повеќе од 100 позиции и убиле припадник на палестинската група за која наводно учествувал во нападот на Хамас на 7 октомври, соопштија утрово Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Претставници на ИДФ додадоа дека биле бомбардирани тунел, магацини за оружје и десетици командни центри. Дополнително, при целен напад на градот Газа, била „ликвидирана дивизија на Хамас“.

Објектите и оружјето на групата биле уништени во џамија северно од градот Џабалија, за кој Израел рече дека се користи како место за набљудување и тренинг.

Израел одговори на нападот од страна на милитантите на Хамас со силно бомбардирање на Појасот Газа, во кој според палестинските власти досега загинаа 3.785 луѓе.

На границите на крајбрежната енклава, каде живеат повеќе од два милиони луѓе, израелската Армија се подготвува за можна копнена офанзива. Хамас држи повеќе од 200 заложници во Газа.