петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Има три можни сценарија: СЗО со нови информации во врска со крајот на коронавирусот

Има три можни сценарија: СЗО со нови информации во врска со крајот на коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) објави ажуриран план за ковид-19, во кој се наведени три можни сценарија за пандемијата до крајот на оваа година.

„Врз основа на она што сега го знаеме, најверојатното сценарио е дека вирусот што предизвикува Ковид-19 ќе продолжи да се развива, но сериозноста на болеста што ја предизвикува ќе се намалува со текот на времето поради зголемениот имунитет од вакцинација и закрепнување“, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејезус.

Ажурираниот План за стратешка подготвеност и одговор ги прикажува стратешките прилагодувања што треба да ги направи секоја земја во однос на запирање на ширењето на коронавирусот, намалување на влијанието на коронавирусот и ставање крај на глобалната вонредна состојба.

Сепак, лидерот на СЗО предупреди дека повременото зголемување на бројот на случаи и смртни случаи може да се случи кога имунитетот опаѓа, што би можело да бара периодични бустери за ранливите популации.

Зборувајќи за второто и третото сценарио, Тедрос рече дека или ќе се појават помалку сериозни варијанти, па нема да бидат потребни бустери и нови вакцини, или ќе се појави повирулентна варијанта, па заштитата од претходната вакцинација или инфекција нема да биде доволна.