недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Индија: Одобрена вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека /Оксфорд

Индија: Одобрена вакцината против Ковид-19 на АстраЗенека /Оксфорд

Во Индија, втора најнаселена земја во светот со 1,35 милијарди жители, вакцината на фармацевтската компанија АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд е одобрена за масовна имунизација на населението од Ковид-19.

Индискиот министер за информации и медиуми Пракаш Џавадекар утрово на прес-конференција потврди дека надлежните индиски институции ја одобриле таа вакцина, со што се отвори патот за почеток на масовна вакцинација во оваа држава, која, по САД, има најголем број на потврдени случаи на заразени од Ковид-19 во светот.

Министерот Џавадекар најави дека уште најмалку три вакцини се во фаза на добивање на официјална дозвола за употреба, а според постојните планови, околу 300 милиони граѓани треба да се вакцинираат во првите 6 до 8 месеци.