Најмалку десет лица загинаа, меѓу кои четири деца, а повеќе од 20 се повредени денеска кога камион удри во автобуска постојка пред училиште во предградие на индонезиската престолнина, Џакарта.
Возачот на камион кој превезувал метални шипки изгубил контрола над возилото, соопшти полицијата.
Полицијата ги истражува причините за несреќата. Возачот е приведен, но се уште не е сослушан бидејќи е во шок. (МИА)