сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ирак, САД и Франција потпишаа договори за увоз на напредно оружје и зајакнување на артилерија

Ирак, САД и Франција потпишаа договори за увоз на напредно оружје и зајакнување на артилерија

Ирак потпиша договори со САД и Франција за увоз на напредно оружје и зајакнување на артилерија, јавија денеска државните ирачки медиуми, повикувајќи се на изјавата на висок воен командант.

Тој истакнал дека артилериското оружје со долг дострел неодамна се покажало како ефикасно во борбата против Исламската држава и дека новите топови се дел од договорот со европските земји.

Медиумите не го прецизираат типот на оружјето за кој станува збор, ниту пак се споменуваат други детали за договорите.