петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Иран го одбележува првиот ден без ниту еден смртен случај од коронавирус

Иран го одбележува првиот ден без ниту еден смртен случај од коронавирус

Иранскиот министер за здравство Бахрам Еинолахи денеска изјави дека неговата земја го одбележува првиот ден без ниту еден смртен случај од коронавирус, по повеќе од две години, нарекувајќи го значајна пресвртница за Иран кој долго време имаше најголем број на заразени на Блискиот Исток.

Министерството во Техеран пријави 175 нови случаи во текот на изминатиот ден, со што бројот на потврдени случаи во Иран достигна повеќе од 7.230.000 од почетокот на пандемијата, додека се регистрирани 141.318 смртни случаи.

– Иран го доживеа првиот ден без смрт од коронавирусот, додека Америка и Европа сè уште имаат високи стапки на жртви, напиша на Твитер министерот за здравство Бахрам Еинолахи.

Иран во борбата против Ковид-19 се потпираше на кинеската вакцина Синофарм, иако на граѓаните им беа понудени и некои други вакцини, како Оксфорд-Астра Зенека и руската Спутник В, но беше забранет увозот на вакцините на Модерна и Фајзер. (МИА)