недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Иран најави дека процесот на размена на затвореници со САД ќе трае до два месеци

Иран најави дека процесот на размена на затвореници со САД ќе трае до два месеци

Процесот на ослободување на американските затвореници во Иран ќе трае до два месеци, изјави денеска портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канаани.

– Надлежните органи најавија конкретна временска рамка и ќе бидат потребни најмногу два месеци за да се заврши овој процес, појасни Канаани.

Претходно овој месец, Техеран и Вашингтон постигнаа договор според кој петмина американски државјани затворени во Иран ќе бидат ослободени, додека шест милијарди долари ирански имот замрзнат во Јужна Кореја ќе биде ослободен.

Иранските средства што беа замрзнати во Јужна Кореја беа префрлени на Швајцарската централна банка минатата недела заради размена и трансфер во Иран, соопштија денеска јужнокорејските медиуми.

Вашингтон, исто така, ќе ослободи некои Иранци од американските затвори, информира Иран.

Официјален Техеран дозволи четворица приведени американски државјани да бидат преместени во домашен притвор од затворот Евин во Техеран, изјави адвокат. Петтиот веќе беше во домашен притвор.

Советот за национална безбедност на Белата куќа го потврди ослободувањето на американските државјани Сијамак Намази, Морад Тахбаз, Емад Шарки и уште двајца Американци кои сакаат да останат неименувани.