Иранскиот генерал Касем Солејмани, шеф на Иранската револуционерна гарда и архитект на регионалниот безбедносен апарат, е убиен во бомбашки напад на аеродромот во Багдад, објави ирачката државна телевизија.
Пентагон потврди дека американскиот претседател Доналд Трамп наредил ликвидација на иранскиот генерал Касем Солејмани.
„Американската армија презеде решителни одбранбени мерки по наредба на претрседателот за да го заштити американскиот персонал во странство со ликвидација на Касам Солејмани“, соопшти Министерството за одбрана на САД.
Државната телевизија тврди дека е убиен генералот Солејмани, како и Абу Мехди ал-Моухандис, заменик командант. Смртта на двајцата ја потврдија неколку одговорни лица од безбедносните служби.
Иранскиот ајатолах Али Хамнеи му оддаде почит на генералот нарекувајќи го „маченик“ и вети дека „жесток одговор ги чека злосторниците“.
Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф убиството го нарече „чин на меѓународен тероризам“.
Три ракети „каќуша“ паднаа врз меѓународниот аеродром во Багдад ноќеска. Шиитските Народни сили за мобилизација објавија дека нивниот директор за комуникации загинал во „кукавичко америкнско бомбардирање“.