недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Исповед на Израелка која била киднапирана со две деца од Хамас

Исповед на Израелка која била киднапирана со две деца од Хамас

Израелка со две мали деца, за среќа, ја избегнала најтешката судбија, а приказната за киднапирањето ја раскажала за Си-Ен-Ен.

Израелката Авитал Алајем и нејзиниот сосед се сокриле во плакарот во саботата кога осум милитанти на Хамас ја бомбардирале вратата од нивната зграда и почнале да пукаат. Нејзиниот сосед бил убиен во нападот, а таа и двете преживеани деца на нејзината пријателка која се уште е исчезната, биле однесени од вооружени мажи.

-Запалија се што можеа, автомобили, сè. Скршиле се. Сè е уништено, изјави Алајем за Си-Ен-Ен.

Додека нејзината населба горела, милитантите ја влечеле повредена кон Газа, помалото од двете деца е бебе, додека постарото момче има само четири години.

-Само си повторував дека можеби некои жени таму ќе се грижат за нас, можеби ќе бидат малку похумани кон нас, рече таа.

Алајем рече дека од причини што не ги разбира, милитантите ја пуштиле неа и двете деца откако преминале во Газа.

-Не знам зошто ги спасија животите на децата и мене. Само ми рекоа да одам. И тогаш почнавме назад. Видов тенкови и слушнав многу бомби. Само продолживме, рече Алајем.

Жената морала да ползи назад до својот дом бидејќи шрапнели и го повредиле стапалото.