недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Историскиот мост во Ротердам ќе се демонтира за да помине јахтата на милијардерот Џеф Безос

Историскиот мост во Ротердам ќе се демонтира за да помине јахтата на милијардерот Џеф Безос

Холандскиот град Ротердам ќе го демонтира историскиот мост Конингсхавен, за под него да може да помине суперјахтата на основачот на Амазон и еден од најбогатите луѓе на планетата, Џеф Безос.

Одлуката за демонтирање на мостот, за да може јахтата да отплови од Холандија донесена е и покрај тоа што официјалните власти ветуваа дека по реставрацијата на спомен -мостот во 2017, тој никогаш нема да биде демонтиран.⁣⁣

Историскиот мост познат меѓу локалците како „Де Хеф“ е изграден во 1878, и беше реставриран откако нацистите го бомбардираа за време на Втората светска војна.

Марсел Валравенс, општинскиот портпарол, изјави за локалните медиуми дека целиот процес ќе трае неколку недели.

„НА ДЕ ХЕФ ИМА МНОГУ КАБЛИ, А ШТОМ ЌЕ ТРГНЕТЕ ЕДЕН, ТОЈ ПОВЕЌЕ НЕ ФУНКЦИОНИРА. ЌЕ ГО ТРГНЕМЕ СРЕДНИОТ ДЕЛ И АКО ИМАМЕ СРЕЌА, ЌЕ ГО ВРАТИМЕ ДЕН ПОТОА. ПОТОА ЌЕ ТРЕБА БАРЕМ УШТЕ ЕДНА НЕДЕЛА ЗА НЕШТАТА ДА СЕ ВРАТАТ НА СВОЕ МЕСТО“.

Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абоуталеб изјави дека „градењето на ваква суперјахта донесе многу нови вработувања во регионот“. Јахтата која се гради во близина на градот Албласердам ќе биде една од најголемите едрилици на светот(127м).

Ова е единствениот начин јахтата да стигне до отворено море.

⁣⁣
Сепак одлуката предизвика голем гнев кај жителите, кои протестираат поради посебниот третман кој го добива Безос и непочитувањето кон културното наследство. Безос вети дека ќе ја плати демонтажата на мостот, а се очекува ситуацијата да се разреши во текот на летото.