петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Италијански вирусолог: Лекарите кои не сакаат да се вакцинираат да ја сменат професијата

Италијански вирусолог: Лекарите кои не сакаат да се вакцинираат да ја сменат професијата

Вирусологот Масимо Гали, професор на Универзитетот во Милано, за телевизијата Ла 7 изјави дека лекарите и медицинскиот персонал кои одбиваат да се вакцинираат треба да ја сменат својата професија.

Во Италија, многу медицински работници не се убедени во валидноста на вакцината против коронавирусот и многумина изјавија дека не сакаат да се вакцинираат. Тие имаат право на тоа, бидејќи вакцинацијата засега е доброволна.

Вакцинацијата со вакцината на „Фајзер“ во Италија симболично започнува на 27 декември, што е таканаречен „ден на вакцини“ низ цела Европска унија, но вистинската кампања за масовна вакцинација започнува дури во јануари.

Засега, вакцинацијата е доброволна, а властите најавуваат дека приоритет ќе имаат луѓето кои живеат во домови за стари лица, органите за спроведување на законот и воениот персонал и медицинскиот персонал, сите оние за кои се верува дека се најмногу изложени на можна инфекција.

Весникот „Ил Фато Котидијано“ пишува за математички модел за предвидување на ширењето на вирусот, развиен од Националниот совет за истражување (ЦНР).

Математичарот Џовани Себастиани, кој е дел од научниот тим, вели дека според овој модел, за да се избегне третиот бран на пандемијата, би било потребно да се вакцинираат и младите. (МИА)