Банката на Израел денеска објави дека ќе продаде до 30 милијарди долари девизни резерви за поддршка на домашната валута – шекел.
„Банката во наредниот период ќе работи на пазарот со цел да ја ублажи нестабилноста на курсот на шекелот и да ја обезбеди потребната ликвидност за натамошно правилно функционирање на пазарот“, се вели во соопштението на Централната банка на Израел.
Покрај програмата од 30 милијарди долари, банката додаде дека ќе обезбеди ликвидност на пазарот преку SWAP механизмите на пазарот, во вредност до 15 милијарди долари.
Израелската валута ослабе во однос на доларот по упадот на палестинските милитанти од движењето Хамас и сега е на најниско ниво во последните 7 години.