Парламентарните избори во Етиопија, закажани за август, се одложени заради пандемијата на коронавирусот, соопшти Изборната комисија во оваа земја.
Во соопштението се истакнува дека комисијата ќе го објави новиот датум кога ситуацијата во земјата ќе се смири, пренесоа британските медиуми.
Националната изборна комисија на Етиопија соопшти дека ги откажува сите избори активности, а одлуката ја поздравија и владата и опозицијата. Оваа е првпат некоја африканска земја да одложува вака значајни избори бидејќии смета дека е невозможно да се подготват во време на пандемија.
Во неколку африкански земји годинава треба да се одржат претседателски избори.