Британскиот премиер Борис Џонсон се откажа во изборната програма на својата Конзервативна партија да има закана дека ќе ја изнесе Велика Британија од ЕУ без договор, пренесува „Тајмс“.
Весникот наведува дека во фокусот на предизборната програма на партијата ќе биде работата за поддршка на неговиот договор за Брегзит.
Џонсон претходно најави дека ќе ја изнесе Велика Британија од ЕУ со или без договор на 31 октомври, но беше принуден од Парламентот да побара продолжување на рокот за Брегзит до крајот на јануари.
Предвремените избори во Велика Британија ќе се одржат на 12 декември.