Изборен колеџ од 538 претставници на американските држави се состанува денеска за официјално да ја потврди победата на Џо Бајден на претседателските избори, ставајќи крај на неуспешните обиди на Доналд Трамп да се врати по поразот од 3 ноември.
Изборниот процес во САД не е завршен се додека не се состанат и гласаат претставниците на гласачите, чиј број е пропорционален на бројот на жители во секоја од државите. Електорите речиси секогаш гласаат за претседателски кандидат кој победил во државата што ја претставуваат.
Резултатите од изборите покажуваат дека демократот Бајден, поранешен потпретседател, освои 306 од 538 достапни гласови – повеќе од потребните 270. Трамп, републиканец, освои 232.
Во САД, кандидат не победува со освојување мнозинство на национални избори, туку преку систем на изборен колеџ што им доделува изборни гласови за 50 држави и на дистриктот Колумбија.
Иако понекогаш неколку гласачи гласаат за некој друг, а не за победникот на изборите во нивната држава, огромното мнозинство ги запечатува резултатите од нивната држава, па официјалните лица денеска не очекуваат поинаков исход.
Трамп ги повика републиканските пратеници да назначат свои електори, во основа игнорирајќи ја волјата на гласачкото тело. Државните застапници во голема мера ја отфрлија идејата.
Гласовите дадени денеска ќе бидат испратени до Конгресот за официјално пребројување на 6 јануари, последната фаза од сложениот изборен процес во САД.