вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Изборниот штаб на Трамп поднесе тужба за поштенското гласање во Пенсилванија

Изборниот штаб на Трамп поднесе тужба за поштенското гласање во Пенсилванија

Изборниот штаб на американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба до сојузниот суд во Пенсилванија, барајќи да ги спречи владините претставници да ја потврдат победата на демократскиот кандидат Џо Бајден во таа сојузна држава.

Во тужбата се наведува дека системот за поштенско гласање во Пенсилванија немал карактеристики на транспарентност и проверливост, што постоеле во случај на лично гласање.

Советникот за изборна кампања на Трамп, Мет Морган рече дека постојат различни стандарди засновани на методите на гласање и дека ваквиот изборен систем довел до пребројување на „потенцијално лажни гласови“, без соодветна проверка и надзор.

Тужбата е поднесена против државната секретарка на Пенсилванија, Кети Буквар.

Тимот на Трамп најави тужби во повеќе американски држави за наводни нерегуларности за време на изборите.