вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израел изврши неколку напади врз цели во Сирија

Израел изврши неколку напади врз цели во Сирија

Израелски воени авиони утрово испукаа неколку ракети кон централна Сирија,јавија сириските државни медиуми, без да се споменуваат жртви.

Новинската агенција САНА цитираше воен извор кој вели дека нападот се случил во зори кога израелски авиони прелетале над соседен Либан.

Израел со години изведуваше стотици ракетни напади против воени цели поврзани со Иран во Сирија, но ретко ги признава или дискутира за таквите операции.

Сирискиот воен извор рече дека воздушните напади биле насочени кон неколку цели во и околу централната провинција Хама. Тој додаде дека сириската противвоздушна одбрана уништила поголем дел од ракетите.

Тоа е прв израелски удар врз Сирија откако американскиот претседател Џо Бајден стапи на функција.