четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израел ќе преземе мерки доколку НСО групата е одговорна за следење на новинари

Израел ќе преземе мерки доколку НСО групата е одговорна за следење на новинари

Израелското Министерство за одбрана синоќа соопшти дека ќе преземе „соодветни мерки“ во случај групата НСО да ги прекршила условите за дозволата за извоз, бидејќи меѓународната истрага покажа дека производите на оваа компанија за компјутерски надзор биле користени ширум светот за покривање на политички дисиденти и новинари, а некои биле и убиени.

Според соопштението, Израел им дозволува на компаниите да извезуваат вакви производи „на владите за легални цели и со цел да спречат и истражат злосторства и да се борат против тероризмот“, под услов земјата што го купува софтверот тоа и да го почитува.

Израелското министерство не соопшти дали ќе ги испита тврдењата објавени неделава во весниците „Вашингтон пост“, „Ле Монд“, „Цајт“, „Гардијан“, „Харетс“ и другите светски медиуми кои соработувале во истрагата за информациите за злоупотреба на овој израелски софтвер.

Информации протекоа од над 50.000 мобилни телефони до чии бројки дојде непрофитната новинска организација со седиште во Париз -„ Забранети приказни“ (Forbidden Stories), како и Амнести Интернешнл.

„Доколку се утврди дека (производите на групацијата НСО) биле користени спротивно на условите за (извозна) дозвола или изјавите на земјите купувачи, ќе преземеме соодветни мерки“, соопшти министерството, додавајќи дека државата Израел нема пристап до информации собрани од клиенти на компанијата.

Во фокусот на вестите за групата НСО е програмата за шпионирање „Пегасус“, што ја користеле десетици влади, пренесуваат израелските медиуми.

Програмата самостојно се инсталира на телефон, а корисниците не мора да ја активираат линк и на хакерите да им даваат комплетен пристап до целосната содржина на телефонот, како и можност незабележано да ги користат камерите и микрофоните од телефоните.

Анализата на телефонските броеви покажува дека сопственици на телефони биле цел на владите на Азербејџан, Бахреин, Казахстан, Мексико, Мароко, Руанда, Саудиска Арабија, Индија и Обединетите Арапски Емирати.

НСО одбива да открие кои земји го купиле софтверот и ги негира повеќето тврдења во извештаите, за кои тврди дека се лажни, и дека се работи за непотврдени теории кои ја доведуваат во прашање веродостојноста на изворите и основаноста на приказната, како што е наведено во пораката испратена до новинарите.