вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израел му одобри влез во земјата на координаторот на ОН за хуманитарна помош и покрај несогласувањата

Израел му одобри влез во земјата на координаторот на ОН за хуманитарна помош и покрај несогласувањата

Израел му дозволи на координаторот на ОН за хуманитарна помош Мартин Грифитс да влезе во земјата повеќе од три недели по почетокот на војната во Појасот Газа, потврди денеска портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, цитиран од ДПА.

Приемот на Грифитс во Израел беше одобрен „на барање на други земји да се забрза заминувањето на странски државјани од Појасот Газа“, рече портпаролот.

Израел минатата недела објави дека ќе забрани пристап до претставниците на ОН, како што тоа го правеше во минатото, откако генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го критикуваше Израел.

Гутереш конкретно ја критикуваше израелската контраофанзива, наведувајќи очигледни прекршувања на меѓународното хуманитарно право. Генералниот секретар на ОН го осуди терористичкиот напад на „Хамас“ на 7 октомври, но рече дека тој не бил извршен „во вакум“, мислејќи на израелската окупација на палестинските територии, забележа ДПА.