недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Израел не пушти десетици Сиријци, кои бегаа од офанзивата на провладините сили

Израел не пушти десетици Сиријци, кои бегаа од офанзивата на провладините сили

Десетици Сиријци се доближија денеска до израелската гранична ограда на Голанската висорамнина, барајќи помош или засолништре од офанзивата на сириската армија, но се вратија по предупредувањето од израелските војници.

Десетици илјади Сиријци се собраа во последниот месец блиску до границата со израелскиот дел од Голанската висорамнина, бегајќи од провладината офанзива против бунтовниците, опфаќајќи широка територија во близина на Јордан и Израел.

Офанзивата предизвика најголем бран бегалци од почетокот на конфликтот, протерувајќи стотици илјади Сиријци од своите домови. Минатата недела ОН соопшти дека речиси 160.000 Сиријци избегале во провинцијата Кунеитра. И Јордан и Израел веќе предупредија дека нема да дозволат Сиријците да преминат на нивната територија.

Израел, кој го зазеде Голан во Блискоисточната војна од 1967 година, обезбедува хуманитарна помош за бегалците во кампови во близина на израелско-сириската граница од 1974 година. Многу бегалци најдоа засолниште во тампон зоната, набљудувана од силите на ОН. 

(Миа)