вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Израелската армија тврди дека убила шеф на единица на Хамас во Појасот Газа

Израелската армија тврди дека убила шеф на единица на Хамас во Појасот Газа

Израел соопшти дека го убил шефот на противтенковската ракетна единица на Хамас во Појасот Газа, пренесе ДПА.

Мухамед Асар, висок командант на исламистичкото палестинско движење кое го контролира затворениот крајбрежен појас, е убиен во напад на борбен авион, соопшти денеска израелската војска.

Израелската армија објави видео на кое се гледа експлозија на зграда од воздух.

Се смета дека Асар е одговорен за сите противтенковски ракетни единици на Хамас во Појасот Газа. Мисиите што тој ги нареди биле насочени кон израелски цивили, како и војници, соопшти војската.

Израел масовно бомбардира цели во Појасот Газа по масакрот на израелските граѓани на 7 октомври од страна на Хамас, кого Европската унија и САД го сметаат за терористичка организација.

Минатиот викенд израелската армија почна нова фаза во војната против Хамас, при што нејзините трупи ги проширија своите операции на теренот, како и користење на воздушни и поморските сили.