Израелски авион изврши напад врз пункт на екстремистичката организација Хамас во Појасот Газа.
Израелската армија соопшти дека нападот уследил откако беше истрелан куршум од палестинската територија. Куршумот истрелан од Појасот Газа погодил зграда во Нерив Хасари, но во инцидентот никој не е повреден.
Според палестинските медиуми пунктот е погоден повеќепати со ракети од воздух.
Израелската армија на 16 јули изврши низа напади врз цели на Хамас, како одговор на ракетирањето на Израел.
Хамас, кој од 2007 година е на власт во Појасот Газа, не го признава Израел. Во изминатите 15 години Израел и Хамас војуваа четирипати.