Израелски борбени авиони синоќа беа дел во маневри над Средоземното Море, симулирајќи напад врз иранските нуклеарни постројки, јави Бета.
На почетокот на мај, израелски медиуми објавија за симулиран напад во Иран, како и на нуклеарни постројки, во рамки на големата воена вежба со име „Огнени кочии“.
Во вежбата учествуваат речиси сите ограноци на израелската армија, што е фокусирана на борбите на северната граница на Израел, меѓу другото и против проиранскиот екстремистички Хезболах во Либан.
Вежбата е особено насочена кон подготовки за напад и на одговорот на очекувана одмазда на Иран и неговите сојузници во регионот.
Министерот за одбрана Бени Ганц во текот на вчерашниот ден го посети Кипар, каде во рамки на „Огнени кочии“, се вежба борба против Хезболах во Либан.
– Израелските одбранбени сили постојано се подготвуваат за операции и разни кампањи, на повеќе места, ќе му нанесат сериозен удар на секој, кој им се заканува на граѓаните на државата Израел, истакна Ганц, јавија израелски медиуми. (МИА)