Израелскиот премиер, Нафтали Бенет, синоќа соопшти дека нема да се кандидира на претстојните парламентарни избори и дека ќе се повлече од политичкиот живот.
Како што најави премиерот во заминување, тој ќе остане на вицепремиерската позиција до изборите што треба да се одржат наесен, а во своето обраќање до нацијата изјави дека е горд на постигнувањата на израелската Влада, пренесоа агенциите.
-Нема да се кандидирам на претстојните избори, но ќе останам верен војник на оваа земја во која служев како војник, офицер, министер и премиер. Службата на оваа земја е мојата судбина, рече Бенет, додавајќи дека зад себе ќе остави силна држава.