Јапонскиот премиер Јошихиде Суга ја прими првата доза од Ковид-19 вакцина во рамки на подготовките за состанокот со американскиот претседател Џо Бајден кон треба да се одржи идниот месец.
Суга стана првото владино официјално лице во Јапонија кое јавно е имунизирано, пренесува Ројтерс.
Агенцијата наведува дека околу 80-90 официјални лица ќе бидат вакцинирани пред посетата во САД, а Суга ќе биде првиот светски лидер кој лично ќе се сретне со Бајден по неговото стапување на функцијата претседател.
Јапонија започна камања за имунизација против Ковид-19 минатиот месец со вакцината на Фајзер/БиоНтек која е насочена кон здравствените работници и лицата постари од 65 години.