четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Канада ја одобри Новавакс вакцината за лица над 18 години

Канада ја одобри Новавакс вакцината за лица над 18 години

Канада ја одобри вакцината на американската фармацевска компанија Новавакс за лица над 18 години, што е петта вакцина против Ковид-19 одобрена во оваа земја.

Безбедноста и ефикасноста на оваа вакцина кај лицата под 18 години се уште не се потврдени, прецизирано е во соопштението на канадските здравствени власти, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, се рбаоти за протеинска вакцина направена според старата технологија која со години се користи за производство на други вакцини.

Во Канада околу 80 проценти од граѓаните се вакцинирани со две дози, а над 40 отсто со трета или бустер вакцина.