сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Канада се приклучи кон трговскиот договор меѓу САД и Мексико

Канада се приклучи кон трговскиот договор меѓу САД и Мексико

Канада доцна синоќа се согласи да се потпише на трговскиот договор меѓу САД и Мексико, документ кој го замени НАФТА, трилатералниот Северноамерикански договор за слободна трговија, по повеќе од една година тешки преговори.

Само неколку часа пред истекот на крајниот рок, американската и канадската Влада се согласија на договор со кој на американските фармери ќе им се овозможи поголем пристап до пазарот на млечни производи во Канада, а Канада ќе се заштити од евентуални американски царини во автомобилската индустрија.

Новиот договор со Канада и Мексико – земјите кои се најголеми трговски партнери на САД, сега се вика УСМЦА (The United States-Mexico-Canada Agreement), Договор меѓу САД, Мексико и Канада.

МИА