сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Карамбол во Германија: Пијан возач поминал на црвено, покосил 31 автомобил – повредени се неколку лица, некои од возилата се запалиле (ФОТО)

Карамбол во Германија: Пијан возач поминал на црвено, покосил 31 автомобил – повредени се неколку лица, некои од возилата се запалиле (ФОТО)

Пијан возач на камион во јужна Германија удрил со своето возило во паркирани автомобили откако го изигнорирал црвено светло. Од силината на ударот некои од автомобилите се запалиле, соопшти полицијата.

– Три лица се полесно повредени во вторникот вечерта, а во инцидентот оштетени се 31 возило. Возачот на камионот најпрвин не реагирал на црвено светло, поради што го покосил автомобилот кој се наоѓал на раскрсницата, па продолжил без да застане, се вели во полициското соопштение.

Набргу потоа камионот удрил во неколку паркирани автомобили и ги турнал напред, а некои биле прилепени за ѕидовите на зградите.

Во верижниот судир се запалиле неколку автомобили, фасадата на куќата и самиот камион. Станарите се евакуирани од куќата.

Возачот, 50-годишен турски државјанин без постојано живеалиште во Германија, е уапсен на лице место.

Алкотестот покажал дека тој имал далеку поголемо количество алкохол во крвта од дозволеното. Со полесни повреди се здобиле возачот на камионот, возачот на автомобилот кој камионот го собрал на семафор и еден случаен минувач.