четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Киднапирање среде бел ден: Насилник грабнал девојче, мајката скокнала врз возилото

Киднапирање среде бел ден: Насилник грабнал девојче, мајката скокнала врз возилото

Осумгодишно девојче од Тексас било киднапирано среде улица во саботата додека шетало со својата мајка.

После очајничката претрага полицијата уапсеала да го лоцира детето, кое го пронашле во хотел со 51-годишниот маж.

Полицијата во Форт Ворт ја пронашла малата Салем Сабатка благодарејќи на дојавата на двајца сведоци кои го забележале возилото на осомничениот во предградието на Форест Хил.

Салем била киднапирана во 18:30 вечерта во саботата, кога маж просто ја грабнал и ја ставил во својот автомобил. Мајката скокнала врз возилото, но паднала, а мажот ѝ ја однел ќерката. Камерата на вратата на нивните соседи снимила се.

Властите веднаш го објавиле описот на неговиот автомобил, а двајца жители веднаш ја контактирале полицијата откако го виделе возилото паркирано пред хотел во Форест Хил. Сведоците рекле дека виделе фотографии на друштвените мрежи и одлучиле на своја рака да излезат и да трагаат по него. Полицијата рекла дека тие се херои.

Девојчето е во добра состојба и пренесено е во болница поради прегледи. Осомничениот Мајкл Веб не е роднина на Сабаткови. Во притвор го очекува обвинение за киднапирање.