понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ким Џонг Ун прави чистка во војската

Ким Џонг Ун прави чистка во војската

Неименуван американски претставник потврди дека тројцата највисоки воени функционери на Северна Кореја се сменети од своите позиции, јавува Ројтерс.

Зошто лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун ги смени своите највисоки воени функционери засега не е јасно, но аналитичарите сметаат дека овој потег ќе му овозможи да ја „стресе“ својата партија во клучните моменти во меѓународните односи и домашниот развој, пишува Ројтерс.

-Доколку Ким Џонг Ун сака да постигне мир со САД и Јужна Кореја и да се ослободи барем дел од нуклеарната програма, ќе мора влијанието на војската да го држи во „кутија“ и таму да го задржи, изјавил за Ројтерс директорот на Групата за меѓународни работи, Кен Газ.

Состанокот меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и Ким е закажен за 12 јуни во Сингапур.