понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Ким-Трамп самит: Северна Кореја се надева на промени

Ким-Трамп самит: Северна Кореја се надева на промени

Неодамна објавените коментари претставуваат промена на тонот пред долгоочекуваниот самит меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Кореја.

Севернокорејските државни медиуми ја споменуваат можноста дека оваа изолирана земја ќе „воспостави нов однос“ со САД.

Ова е објавено ден пред историскиот состанок меѓу севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун и Доналд Трамп.

Овие коментари претставуаат промена на тонот по децении непријателство.

Од друга страна, Трамп изјави дека има „добро чувство“ во врска со долгоочекуваниот сами.

 

Двајцата лидери пристигнаа во Сингапур, што е прв состанок меѓу американски претседател и севернокорејски лидер.

Трамп твитна во изутрината дека во оваа азиска земја чувствува возбудување во воздухот, пред самитот.

Се надева дека со оваа средба ќе почне процес кој на крајот ќе доведе до тоа Ким да се откаже од нуклеарното оружје. Меѓутоа, очекувањата на Северна Кореја не се толку јасни.