Кина смета дека проширувањето на НАТО не придонесува за глобалната безбедност и стабилност, се наведува во соопштение објавено денеска на веб-страницата на кинеското претставништво во ЕУ.
Се проценува дека 30 години по крајот на Студената војна, НАТО продолжува да го проширува опсегот на операции, блок-политика и конфронтации, а тоа не придонесува за глобалната безбедност и стабилност.
Пекинг, исто така, смета дека регионалната безбедност не треба да се обезбедува со зајакнување или проширување на воените блокови.
– Го повикуваме НАТО да се откаже од менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди, да ги почитува суверенитетот, безбедноста, интересите, како и различноста на цивилизациите, историите и културите на другите земји, се додава во соопштението.
Претседателите на Кина и на Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин, потпишаа заедничка изјава за време на состанокот во Пекинг на 4 февруари, изразувајќи незадоволство од натамошното проширување на НАТО.