вторник, 19. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кина формира сили за борба со тероризам за да ги заштитува своите интереси во странство

Кина формира сили за борба со тероризам за да ги заштитува своите интереси во странство

Кина подготвува антитерористички сили што ќе можат да дејствуваат во државата и вон неа, и да ги заштитуваат интересите во странство, изјави висок кинески претставник.

Жанг Ксиаоки, шеф на разузнавањето на Народната оружена полиција, која е дел од кинеската армија, изјави за Синхуа дека формирањето специјални сили е важен дел од целосната воена модернизација.

– Размерот на дејствување на мисијата на специјалните сили се простира од копно до море од татковината до странство, изјави тој.

– Треба да работиме засилено на изградба на врвни сили за борба со тероризмот на меѓународен план.

Во 2015 година Кина донесе нов закон за борба со тероризмот што дозволува армијата да извршува антитерористички акции во странство. Според експерти, Пекинг е соочен со големи практични и дипломатски проблеми за да ја реализира таа идеја. (МИА)