Кина го забрзува истражувањето и развојот на вакцината против Ковид-19 конкретно насочена кон варијантата Омикрон, изјави денеска здравствен претставник.
Досега, во Кина не се пријавени случаи на зараза со Омикрон со варијанта на новиот коронавирус.
– Врз основа на различни технологии, ние забрзано работиме на истражување и развој на вакцини против варијантата Омикорон, рече Џенг Жонгвеи, шеф на специјалната група за развој на вакцини против Ковид-19.
Потенцијалната вакцина против Омикрон можеби нема да треба да се користи, но неопходно е Кина да се подготви, рече Џенг.
Досега, нема цврсти докази дека Омикрон го заобиколува имунитетот стекнат со вакцинација, но се очекува дека повеќето постоечки вакцини ќе помогнат да се намали сериозноста на болеста и смрт, додаде Џенг.
Кинескиот производител на вакцини Синовак Биотек (Sinovac Biotech) потврди дека анализира дали нивната вакцина делува против Омикрон или мора да направат сосема нова вакцина.