среда, 10. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кина и дозволи на војската да користи вакцина против Ковид-19

Кина и дозволи на војската да користи вакцина против Ковид-19

Кинеските војници добија дозвола да користат вакцина против коронавирусот која е развиена од кинеските истражувачи и лабораторијата Кенсино Биолоџикс, откако по тестирање се докажа дека е ефикасна.

Станува збор за Ad5-nCoV, еден од осумте кинески кандидати за вакцина, за која е дозволено тестирање врз луѓе во земјата и странство.

Таа вакцина доби одобрување за тестирање и врз луѓе во Канада.

Кинеската Централна воена комисија одобри, според соопштението на Кенсино Биолоџикс, употреба на таа вакцина во војската за период од една година.

Кина неодамна им понуди две вакцини на вработените во државните претпријатија, кои патуваат во странство.