понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Кина има најголема дипломатска мрежа во светот

Кина има најголема дипломатска мрежа во светот

Индексот на глобална дипломатија за 2019 година, кој еднаш годишно го составува австралискиот Институт Лови, покажува дека Кина за првпат ја зазеде водечката позиција на списокот на најголемите дипломати во светот и ги надмина САД, што укажува на растечките меѓународни амбиции на Пекинг.

Австралискиот институт информира дека Кина има 276 дипломатски места низ целиот свет, малку повеќе од САД, со 273. Двете држави имаат еднаков број амбасади, но Пекинг има малку повеќе конзулати од САД.

Кина за две години ја зголеми својата меѓународна дипломатска мрежа за пет дипломатски места, отворајќи седум нови мисии, а затвори две.

Уште во 2016 година, Кина беше трета во светот по бројот на дипломатски претставништва, зад САД и Франција, а во 2017 година втора надминувајќи ја Франција.

Наспроти силниот пораст на Кина на листата на најголемите светски дипломати, Тајван  затвори најмногу дипломатски претставништва во изминатите неколку години. Од 2016 до 2019 година, нивниот број падна од 22 на 15.

Меѓу првите 10 земји со најголема дипломатска мрежа во 2019 година, по Кина и САД се и Франција (267 дипломатски места), Јапонија (247), Руската Федерација (242), Турција (234), Германија (224), Бразил (222), Шпанија (215) и Италија (209).