– Кинеските воздухопловни сили ќе испратат борбени авиони на заедничка воена вежба со Тајланд, потврди Министерството за одбрана на Кина, јавува Анадолија.
Во соопштението се наведува дека кинески борбени авиони и бомбардери ќе учествуваат во вежбата „Falcon Strike“, која ќе започне утре во Тајланд.
Во вежбата, која ќе се одржи во кралската воздухопловна база Удорн на северот на земјата, во близина на границата со Лаос, „ќе се спроведуваат тренинзи во областа на воздушна поддршка, напади на копнени цели, мал и голем транспорт на трупи“.
Вежбата следува по кинеските воени вежби што се одржаа околу Тајван, откако претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, го посети островот.
Вежбите спроведени во шест региони, со учество од воздух, копно и море, создадоа де факто блокада околу островот. Во средата Кина објави крај на воените вежби во близина на Тајван. (МИА)