Кина издвои 50 милиони јуани или околу 7,25 милиони американски долари, од своите центрани фондови за помош во случај на природни катастрофи, како поддршка за спасување и укажување помош по земјотресот од 6,8 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди провинцијата Сечуан во југозападниот дел на земјата, јави Синхуа.
Средствата од фондот за вонредни состојби заеднички ги издвоија министерствата за финансии и за вонредни состојби.
Парите ќе бидат искористени за итно спасување и помош во катастрофи, со фокус на барањето, спасувањето и преселувањето луѓе погодени од катастрофа, откривање секундарни катастрофи и поправка на оштетени куќи, меѓу другото.
Резервите помош, вклучувајќи околу 3.000 шатори и 10.000 кревети на склопување, доделени му се на округот Лудинг, каде беше епицентарот.
Министерството за вонредни состојби испрати над 1.100 спасувачки тимови и хеликоптер на лице место, додека во готовност се над 3.600 спасувачи од соседните региони, пишува Синхуа. (МИА)