Кина размислува да го затвори Конзулатот на САД во Ченгду, кој е главен град на кинеската провинција Сечуан, објави „Саут Чајна морнинг пост“ повикувајќи се на неименувани извори.
Покрај во Ченгду, во континенталниот дел на Кина има уште четири американски конзулати – во Гуангџоу, во Шангај, во Шенјанг и во Вухан, заедно со Генералниот Конзулат во Хонг Конф и Макао.
Исто така Кина размислува за затворање на Американскиoт конзулат во Вухан.
Конзулатот на САД во Ченгду е отворен во 1985 година како стретешки важен дипломатски објект во југозападниот регион на Кина.
Вашингтон вчера нареди затворање на Кинескиот конзулат во Хјустон поради „заштита на интелектуалната сопственост и личните информации“, а американскиот претседател Доналд Трамп најави дека можно е да бидат преземени слични мерки и за другите кинески дипломатски мисии.