понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина најави целосна промена во автомобилската индустрија

Кина најави целосна промена во автомобилската индустрија

Кина најави дека за пет години ќе дозволи производителите на автомобили да бидат во целосна странска сопственост.

Со тој потег ќе ги отстранат ограничувањата, кои придонесоа за заострување на односите со Вашингтон и други трговски партнери.

Официјални претставници во Пекинг оваа година ќе ги укинат ограничувањата на странска сопственост на производители на електрични автомобили. Слични чекори ќе следуваат и во 2020 година за производителите на комерцијални возила и 2022 година за производители на патнички автомобили.

Кинеската Народна комисија за реформи и развој соопшти дека ограничувањата на сопственоста во автоиндустријата ќе бидат укинати по петгодишниот преоден период.

МИА