Кина постепено ќе го зголемува бројот на дозволи за меѓународни патнички чартер летови на кинески и странски авиокомпании, соопшти денеска кинеската Управа за цивилно воздухопловство.
Во соопштението се додава дека до есен 2023 година, Кина целосно ќе ги врати процедурите и условите за летање во државата како пред пандемијата со Ковид-19.
Кина почна да ги олабавува своите строги политики за нулта ковид и заклучување кон крајот на ноември, под притисок на уличните протести во Пекинг и некои други кинески градови.
Здравствените експерти се согласуваат во проценките дека Кина во наредните месеци ја очекува бран новозаболени и починати од коронавирусот, пред се меѓу постарата популација. (МИА)