Кина наиде на критики откако властите одбија да му издадат работна дозвола на дописникот на Њујорк Тајмс која се однесува и за континентална Кина и за Хонг Конг.
Од Крис Бакли, кој неколку години работеше за весникот од Хонг Конг, во мај беше побарано да ја напшти континентална Кина откако кинеските власти одбија да ја обноват неговата новинарска виза, соопшти американскиот комитет за заштита на новинарите (ЦПЈ).
Минатата недела властите во Хонг Конг, исто така, одбија да ја обноват дозволата на Бакли да работи во специјалниот административен регион без да наведат никаква специфична причина, соопшти организацијата.
– Забраната на новинар од Њујорк Тајмс да работи во Хонг Конг го крши основното ветување за слобода на печатот, кое постојано му се дава на народот во Хонг Конг, тврди Стивен Батлер од ЦПЈ.
Батлер, координатор на програмата на ЦПЈ за Азија во Вашингтон, ги повика имиграциските власти во Хонг Конг „да ја сменат оваа одлука, која го поткопува слободниот проток на информации клучни за успехот на Хонг Конг“. (МИА)