сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кина со трет носач на авиони од свое производство

Кина со трет носач на авиони од свое производство

Кина денеска го стави во употреба третиот носач на авиони – Фуџијан, воен брод целосно дизајниран и направен во земјата, што претставува уште еден чекор кон модернизација на кинеската војска.

Носачот на авиони е опремен со електромагнетен катапулт за лансирање на авиони, со писта со целосна должина, јавија кинески медиуми.

Фуџијан, покрај носачите на авиони Лиаонинг и Шандонг, е трет и најголем таков брод во кинеската морнарица.