Претседателот на Владата на Народна Република Кина, Ли Кечијанг, денеска потврди дека наредната година ќе ја напушти функцијата.
Ли после завршувањето на редовната годишна сесија на Националното народно собрание најави дека наредната година ќе се пензионира и ќе отстапи од премиерската функција.
За третото тромесечие оваа година предвидено е одржување на големиот партиски конгрес на Комунистичката партија на Кина, настан што се одржува на секои пет години. Се очекува тогаш да бидат пополнети многу испразнети места во кинеската извршна власт.