недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кинеските власти издадоа предупредување за поплави и свлечишта

Кинеските власти издадоа предупредување за поплави и свлечишта

Поради обилните дождови и силното невреме што зафатија делови од јужна, централна и источна Кина, властите издадоа предупредување за поплави и можна појава на лизгање на земјиштето.

Кинеската Национална метеоролошка служба денеска издаде жолт метео аларм поради најава за дождовни бури проследени со грмежи и силен ветер.

Државните медиуми известуваа од оддалечените планински градови во чии прилози беше прикажано како поројни вода и кал ги носат автомобилите, а локалните власти предупредија дека децата особено се изложени на ризик.

Според официјалните податоци, досега повеќе од 20 луѓе ги загубија животите, а илјадници се принудени да ги напуштат своите домови.

Првите проценки за директна материјална штета се околу 500 милиони американски долари. (МИА)