среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Кирби: САД немаат утврдено чија е вината за уривањето на браната

Кирби: САД немаат утврдено чија е вината за уривањето на браната

САД не негираат дека руските сили може да се одговорни за уривањето на браната Нова Каховка но сеуште немаат утврдено чија е вината за тоа, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност во Белата куќа.

-Знаеме само дека има многу жртви и исто така многу загинати. Иако ова се рани извештаи и неможеме да специфицираме. Руските сили лани незаконски ја презедоа браната (и електростаницата) и незаконски ја окупираат, рече тој.

Додаде дека САД прават колку што можат да се оценат овие извештаи.

-Работиме со Украинците да се соберат повеќе информации. Но не можеме да кажеме конкретно што се случило, изјави Кирби.

-Тоа што е јасно е дека штетата за украинскиот народ е значителна. Браната обезбедува вода како за наводнување на регионот и за наводнивање на Крим, така и за хидроелектраната но и за нуклерната централа Запорожје, рече тој и додека дека САД со олеснување ја примиле веста од директорит на Меѓународната атомска агенција дека нема непосреден ризик по безбедоста на таа централа. (МИА)