Швајцарскиот финансиски центар Цирих се уште е најскапа метропола на светот, додека главниот град на Египет, Каиро е најевтин.
Тоа се резултатите од годишната ранг листа на швајцарската банка УБС во која се опфатени 77 светски престолнини.
Лос Анџелес е оценет како најдобар град во светот во смисла на куповната моќ со просечната плата на работниците, а неговите жители можат да си приуштат за четвртина повеќе од жителите на Њујорк, се вели во студијата која го користи Њујорк како основа за споредбата, пренесува агенцијата Ројтерс.
Според факторите на куповна моќ, Цирих е на второто место, а Њујорк е десетти, додека Лондон 23.
УБС, споредувајќи ги податоците за 11 најголеми градови, пресмета и кои од нив се најдобри за младите жители, односно нивната куповна моќ, која денес мораат да ја имаат, вклучувајќи Ајфон, лап-топ и претплата на Нетфликс.
СПоред тој параметар, најскап е Хонг Конг.
Пар кој за време на излегување оди на вечера, пие шише вино и гледа филм во кино, најмногу ќе плати во Токио, Њујорк и Стокхолм, а најевтино ќе помине во Прага, Мексико Сити и Рио де Женерио.